
Доналд Трамп Јуниор го исмева Алек Болдвин: Ќе продава маици со пораки за пукањето
Додека светот се посвети на посветување ожалостени пораки за загубата на Халина Хатчинс, изјавување тага за несреќата, потсетување на поранешни немили случаи кога загинаа актери за време на снимање, и истражување зошто воопшто се случуваат несреќи на снимања кои би требало да бидат лесно избегнати, Доналд Трамп Јуниор се посвети на исмевање на актерот Алек Болдвин.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Најстариот син на поранешниот претседател Доналд Трамп не дочека да го исмее Болдвин кој по грешка ја застрела кинематографката Хатчинс со реплика пиштол на снимање на филм, вест која пред само неколку дена го потресе и вознемири светот.
За почеток на непријатните пораки, во објава на својот инстаграм-профил Трамп Јуниор објави фотографија од Алек Болдвин со порака која сака да го објасни неговиот поглед, а напис „Проверка на факти: Вистина“.
„Тој поглед кога лудак кој е против пиштоли убива повеќе луѓе со пиштол отколку што твојата широка колекција на огнени оружја убила било кога…“
View this post on Instagram
Доналд Трамп Јуниор и неговиот брат Ерик се познати по нивната љубов по ловечкиот спорт и се многу пати јавно критикувани од активисти и љубители на животни.
View this post on Instagram
Брзо потоа следеше уште една објава со фотографија од Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија, над која стои пораката „Како се вели, на англиски, нае*****?“, со што го исмева шпанското потекло на Хиларија, а во текстот на самата објава поставува низа прашања каде иронично распрашува за детали околу немилиот настан.
„Имам многу прашања. Зошто пиштолот реплика бил наполнет и со него можело да се пука? Зошто актер го насочил пиштолот кон кинематограф и го повлекол чкрапалото? Зошто тие кои мразат пиштоли толку многу немаат проблем да профитираат од нив. Зошто тие кои мразат пиштоли и профитот од нив не научат основна заштита од пиштоли за да можат да ги проверат овие нешта самите? Листата продолжува и продолжува дали имате други прашања?“, напиша Трамп Јуниор во објавата.
View this post on Instagram
Следеше директно исмевање преку ликот на Хомер Симпсон кој во својата рака држи ѕвоно на улица, а на себе има закачен транспарент на кој пишува „Ајде сите да го гледаме Алек Болдвин како го обвинува пиштолот“.
„Само прашање на време е“, пишува Трамп Јуниор под објавата.
View this post on Instagram
Според последните гласини синот на поранешниот претседател ја интензивира ироничната шега и преминува во акција со тоа што подготвува продажба на Т-маици со пораки за пукањето на Болдвин.
Низата меме-обраќања следуваат како одмазда на Трамп Јуниор кон Алек Болдвин за глумата во улогата на неговиот татко на неколку настапи на „SNL“ со неверојатно автентична имитација.