фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб се сели во Фенербахче

Доминик Ливаковиќ во текот на денешниот ден се очекува и официјално да биде промовиран како нов голман на Фенербахче.

После долги преговори, турскиот клуб ги договори сите детали со хрватскиот шампион Динамо Загреб, а тоа го објави и на своите социјалните мрежи.

– Постигнавме договор околу трансферот на Доминик Ливаковиќ и со играчот и со Динамо. Тој денеска ќе дојде во Истанбул на лекарски прегледи и дополнителни преговори околу трансферот – пишува во соопштението на Фенербахче.

Според информациите кои ги објави турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, Ливаковиќ треба да слета во Истанбул околу 13.30 часот, а неговиот нов клуб испратил приватен авион.

Турците треба да му платат на Динамо девет милиони евра, додека „модрите“ би можеле да добијат уште еден милион како бонус. Ливаковиќ е во Фенербахче на местото на Алтај Бајиндир, кој се сели во Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!