фото: EPA/FILIP SINGER

Доменико Тедеско е нов тренер на Фенербахче

Италијанскиот тренер Доменико Тедеско е назначен за нов тренер на Фенербахче, објави турскиот фудбалски клуб, со кој официјално потпиша двегодишен договор.

Клубот од Истанбул во соопштението пренесува дека прв помошник на Тедеско ќе му биде Гокан Ѓонул.

Тедеско (39) го заменува Португалецот Жозе Мурињо, кој беше отпуштен кон крајот на август.

Претходно ги тренираше Шалке, Спартак Москва, Лајпциг и белгиската репрезентација.

Фенербахче моментно е на петтото место на табелата во турската Суперлига со седум бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот