ДОМАШНА АПТЕКА ВО ШИШЕ: Природни лекови од јаболков оцет за повеќе здравствени проблеми
Ако сте во можност, користете природен и органски домашен јаболков оцет, бидејќи само на тој начин ги искористувате неговите целосни здравствени бенефити. Избегнувајте го индустрискиот оцет.
Препорачано
Во продолжение ви откриваме неколку природни рецепти за повеќе здравствени проблеми:
Изгореници од сонце
Измешајте 1/4 филџан кокосово масло, филџан јаболков оцет и неколку капки етерично масло од лаванда. Во леѓен разредете со млака вода и потопете го изгореното место. Двојна доза од овој рецепт можете да користите како купка за капење, доколку поголема површина од кожата е изгорена.
За преладеност
Една лажица јаболков оцет измешајте во една чаша вода и испијте. Наскоро ќе почувствувате олеснување на болките во грлото. Пијте двапати на ден, а веќе во вториот ќе има значајно подобрување.
За слабеење
Добро познато е дека две лажици јаболков оцет во чаша млака вода и по желба засладено со малку мед, ќе го подобри метаболизмот и ќе ја забрза работата на цревата. Не очекувајте инстантно чудо, но стекнете ја навиката наутро да пиете по една чаша од оваа мешавина.
Смирување на алергија
Поради присуството на активни здрави бактерии, јаболковиот оцет разреден со вода ќе ви помогне да ги смирите симптомите на алергија. Пијте чаша вода со лажица јаболков оцет пред да почнат сезоните на алергии.
Нега на кожата
Јаболковиот оцет е одличен за кожата склона кон акни. Користете го како тоник еднаш во денот, за да го дезинфицирате лицето и да го спречите размножувањето на бактерии кои ги полнат порите и создаваат воспаленија.
Нега на коса
Оцетот ќе придонесе за правилна нега на сувата коса. Во шише со распрскувач ставете три лажици јаболков оцет, дополнете со вода и ставете етерично масло од рузмарин. Испрскајте на мокра коса, по шампонирање, оставете да делува 7 минути и исплакнете добро.
Против првут
Измешајте еднаква количина вода и јаболков оцет и испрскајте го темето. Замотајте со фротирна крпа и измијте по еден час. Повторете ја постапката најмногу двапати неделно.