
Домашна алва подобра од купечката: Се топи во уста, сите ќе ви бараат рецепт
Доколку сте љубител на слатки и обожавате стари рецепти, овој ќе ви стане еден од омилените.
Препорачано
Алва, слаткиот деликатес кој пристигна од Блискиот Исток, ги освои и нашите простори и генерално се прави во три варијанти – со таан, гриз или пченично брашно.

Алва со таан е малку потешка за правење, бидејќи маслото од таан често се одвојува од остатокот од смесата, па затоа е потребно често и енергично мешање.
Од друга страна, алвата направена од гриз или пченично брашно има текстура која потсетува на колачи залиени со шеќерен сируп, полесно се подготвува и може да ја збогатите со додавање бадеми, лешници, ореви или кокос – во зависност од тоа кој вкус вашето семејство најмногу го сака.
Покрај тоа, алвата од пченично брашно можете да направите кога и да посакате, бидејќи содржи само четири состојки кои секоја домаќинка секогаш ги има во кујната.
Денеска ви предлагаме рецепт за наједноставната алва, а сепак, превкусна.
Состојки:
– 300 грaма сусам
– 100 грaма шеќер
– 1 лажица мед
– 50 мл вода
– 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Водата и шеќерот сипете ги тенџере, па оставете да зоврие. Гответе уште 5 минути откако ќе зоврие, тргнете го од ринглата и додадете ги медот и екстрактот од ванила. Убаво измешајте, за сè да се соедини. Вмешајте го изблендираниот сусам и убаво измешајте, додека не добиете компактна смеса. Сипете во сад и ставете го во фрижидер, добро да се излади и стегне. Алвата исечете ја на коцки.
Пријатно!