
ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла
Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поддржа онлајн петицијата на Иницијативата О2 и ги повика граѓаните да ја потпишат, за како што велат, да се спречи ново јавно-приватно партнерство и да се обезбеди Дрисла да остане во јавна сопственост.
Препорачано
Оттаму додаваат дека петицијата е важен граѓански механизам со кој се испраќа јасна порака дека Скопје мора да добие современ, одржлив и јавно контролиран систем за управување со отпад, а не повторување на истите неуспешни и сомнителни модели од минатото.
„ДОМ оценува дека загадувањето од депониите и честите пожари веќе станаа сериозен здравствен ризик. Наместо ад-хок решенија, потребна е стратегија која ќе овозможи минимално депонирање, искористување на европски фондови и долгорочна цел за „нула отпад“, по примерот на европските градови.
Заедно можеме да ја промениме иднината на Дрисла и да обезбедиме чист воздух за сите. Затоа, ве повикуваме да ја поддржите граѓанската иницијатива и да ја потпишете петицијата“, порачаа од ДОМ.
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека пред два дена (9 септември) бил извршен вонреден инспекциски надзор на Дрисла, од каде биле земени примероци од водата и почвата, а изготвениот извештај бил доставен до Министерството.
„О2 иницијатива“ со петиција бара „Дрисла“ да остане во надлежност на Град Скопје