Фото: Pexels / Anfisa Eremina

Докторката Анастасија откри што се случува ако изедете семки од лубеница

Многу луѓе се прашуваат дали нешто може да ни се случи ако јадеме семки од лубеница?

Мислењата се поделени, а гастроентерологот Анастасија Тимошенко откри што точно се случува кога ќе ги проголтаме семките.

– Ако случајно проголтате семка од лубеница, ништо лошо нема да се случи. Тие не се акумулираат во телото, туку ги исфрламе по природен пат – вели Тимошенко.

Белите семки се меки и полесно се голтаат, додека црните семки тешко се џвакаат, па затоа многумина претпочитаат да ги отстранат. Но, со оглед на тоа дека се богати со хранливи материи, особено со омега-3 масни киселини, калиум и магнезиум, се препорачува да се јадат печени.

Исплакнете ги и исушете ги семките. Кога целосно ќе се исушат, прелијте ги со малку маслиново масло и рамномерно распоредете ги на хартијата за печење. Посолете ги, па печете ги во рерна загреана на 160 степени, 10 до 15 минути. Слободно играјте си со зачини како бибер, цимет или малку шеќер.

Меѓутоа, пациентите со гастроинтестинални проблеми треба да бидат претпазливи. Семките од лубеница може да предизвикаат надуеност, болка, па дури и дијареја (пролив).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот