Дојава за бомба во ГТЦ/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Дојава за бомба во ГТЦ, претседателската вила, кулите Џевахир и други објекти

Изутринава околу 08.20 часот пристигна дојава за поставена експлозивна направа во Градскиот трговски центар во Скопје, при што започна евакуација на трговскиот центар поради проверки на објектот.

Во електронската пошта која пристигна и до редакцијата на „Слободен печат“ од извесен Graham Klein пишува дека покрај заканата за експлозивна направа во ГТЦ Градски Трговен Центар во Скопје, има поставено бомби и во други објекти : Музеј на Град Скопје (МГС), Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје, Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83, Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000, Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза, ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје, Шопинг центар Ист Гејт Мол, Трговски центар Бисер, Станбена зграда Агора Флатирон, Станбените кули Џевахир, Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје, Куќата на Претседателот – Вила Водно.

Исто така закана има и за Хотел Мариот (Плоштад на Скопје), хотел Александар Палас, Спортски Центар Борис Трајковски, Централната Железничка Станица Скопје и
Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).

Во моментов се уште нема официјална потврда од МВР за случајот но службите на обезбедувањето започнаа со евакуација на луѓето во Градскиот трговски центар.

Во моментов, редакцијата на „Слободен печат“ се евакуира, во исчекување на полициските екипи за антитероризам, поради што се одложува емитувањето на емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ во 9 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот