Тимчо Муцунски/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Договорена е средба меѓу Муцунски и бугарскиот колега Георгиев во Минхен

Договорена е средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија. Според МНР, состанокот помеѓу Муцунски и Георгиев ќе се случи утре на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Ова ќе биде прва средба на шефовите на дипломатии, а според најавите се очекува да разговараат за почетокот на процесот на преговори со ЕУ, кои се закочени поради барањата на нашиот источен сосед.

Македонската страна седнува на маса со позициите за уставни измени со одложено дејство, став со кој настапи и пред европските челници. Георгиев по назначувањето порача дека бугарските црвени линии се јасни и дека Софија нема да прави отстапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот