Доенче хоспитализирано со пертусис на Детската Клиника, Комисијата за заразни болести ќе предложи нови мерки

Фото: МИА

На Детската клиника е хоспитализирано осуммесечно доенче со пертусис во стабилна состојба. Тоа е невакцинирано, но е задржано за следење на состојбата, потврди за Телма професор Светлана Кочева.

Се очекува во вторник Комисијата за заразни болести во зависност од актуелната состојба да предложи нови мерки. Во телефонски разговор за Телма, првиот човек на Комисијата, професор Петличковски уште минатата недела кажа дека доколку се има предвид искуството со епидемијата со морбили, Комисијата ќе даде препорака до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да ги задолжи градинките тие да направат список на вакцинирани и невакцинирани и да забранат прием на невакцинирани деца и покрај тоа што ваквата мерка можеше да профункционира многу порано.

Вакциналните пунктови работат и во сабота. Вакцинацијата е со засилен интензитет откако на подрачјето на Скопје беше прогласена епидемија од голема кашлица или пертусис.

Според последниот неделен извештај на ИЈЗ регистрирани се 56 нови случаи на голема кашлица, дури 54 од нив се во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот