
Додик прогласен за виновен
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) под обвинение за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.
Препорачано
Судот го осуди обвинетиот Милорад Додик на една (1) година затвор, како и мерка на безбедност забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска во рок од шест (6) години, од правосилноста на пресудата. Милош Лукиќ, в.д Директорот на Службен весник на РС беше ослободен од обвинението.
Обвинителството на БиХ го обвини Лукиќ дека овозможил објавување на указите на Додик во Службениот весник на РС, пишува Кликс.
Тој е обвинет дека го продолжил процесот на носење закони со кои се предвидувало дека во овој субјект нема да се спроведуваат одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, ниту пак одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ да се објавуваат во службен весник.
Додик не присуствуваше на пресудата, ниту неговиот адвокат Горан Бубиќ.
Бидејќи се работи за првостепена пресуда, обвинителството има право на жалба.
По поднесувањето на жалбите, Апелацискиот совет на Судот на БиХ треба да донесе правосилна пресуда во рок од околу три и пол месеци. Судењето на Додик и Лукиќ е прво судење пред судството во БиХ за кривично дело непочитување на одлуките на високиот претставник.
Обвинителството на БиХ во завршните зборови побара Додик и Лукиќ да бидат осудени на затворски казни поблиски до максимумот предвиден за ова кривично дело, а тоа е пет години, како и да им се изрече безбедносна мерка забрана за вршење на функција во траење од десет години. За Додик престанок на функцијата претседател на РС, а за Лукиќ престанок на функцијата директор на Службен весник.
Додик и Лукиќ се товарат дека преземале дејствија од 1 до 9 јули 2023 година, знаејќи дека високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, донел одлука со која го спречил влегувањето во сила на Законот за неприменување на одлуките на Уставниот суд на БиХ од 1 јули истата година, како и на Законот за стапување во сила на Законот за јавна РС, со цел продолжување на законодавната процедура, без примена и неспроведување на одлуките на високиот претставник.
Додик на прес-конференцијата пред пресудата рече дека „денес е важен ден за РС и Босна и Херцеговина“.
„Ова е приказна за измама против уставниот поредок која го достигнува својот врв. Мислам дека Босна и Херцеговина ќе загуби најмногу“, рече Додик
„Остануваме посветени на мирот и Уставот на Босна и Херцеговина, бараме од нашите партнери од ФБИХ да разговараат за Уставот“, рече Додик.
Додик им се придружи на граѓаните собрани пред Народното собрание на РС, каде на видео ја следеа специјалната седница на Народното собрание на РС и пресудата против Додик и Лукиќ.