Милорад Додик
Милорад Додик / EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Додик потврди: Не доаѓам на изрекувањето на пресудата

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, потврди дека нема да се појави на пресудата во среда по обвинението со кое се товари за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, јавија локалните медиуми.

И претходно се шпекулираше дека Додик нема да присуствува на пресудата, но неговиот адвокат ја остави таа опција отворена. Сепак, сега пристигна официјална потврда.

„Донесов одлука. Нема да одам и не морам. Никој тоа не го бара од мене“, рече Додик.

Тој, исто така, ги повика своите поддржувачи, кои редовно доаѓаа пред Судот на БиХ за време на судењето, да не одат во Сараево во среда. Наместо тоа, тој ги покани во Бања Лука на дводневен митинг што го организира по повод овој судски случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот