
Додик: Палестинската држава не постои и не може да биде признаена
Најавата за признавање на Палестина предизвика нови кавги во Босна и Херцеговина. Лидерот на Република Српска Милорад Додик го поддржа Израел, а претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, Денис Звиздиќ, ова го оцени како омраза кон муслиманите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Држава што не постои во реалноста не може да биде правно признаена. Затоа силно ја поддржувам јасната и рационална позиција што ја зазедоа Израел и голем дел од меѓународната заедница – дека долгорочните конфликти не можат да се решат преку еднострани политички гестови. Ваквите дејствија само создаваат нови тензии“, напиша Додик на својот X профил.
Тој го обвини Западот дека ги лекува геополитичките фрустрации на сметка на другите нации и предупреди на можните последици од едностраните одлуки. Додик остро реагираше на најавата на Франција дека ќе ја признае државата Палестина во септември, оценувајќи го тој потег како „политички мотивиран“ и опасен за глобалната стабилност.
Според него, клучно е да се елиминира терористичката организација Хамас и да се постигне договор преку преговори меѓу еврејскиот и палестинскиот народ.
Умот на Додик е управуван од омраза кон муслиманите, која не е ограничена само на Бошњаците – тоа е негов политички хабитус, изјави Звиздиќ, кој ја осуди изјавата на Додик како „нечовечка“, додавајќи дека тој ќе заземе значајно место во „најголемата бесрамност на босанските политичари“.
Тој смета дека постапките на Додик го загрозуваат мирот, Дејтонскиот мировен договор и уставниот поредок.