Милорад Додик
Милорад Додик / EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Додик најави можно распаѓање на владеачката коалиција поради несогласувањата кон војната во Украина

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик денеска најави дека владејачката коалиција во Босна и Херцеговина може да се распадне поради несогласувањата во таа земја за односот кон војната во Украина.

Тој пред новинарите во Бања Лука изјави дека е незадоволен од тоа што Босна и Херцеговина се приклучила на резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за осуда на руската агресија врз Украина и посочи дека гласањето на амбасадорот на ОН, Свен Алкалај во прилог на тој документ е незаконско.

Инструкцијата да гласа за резолуцијата која ја предложи Украина во пресрет на годишнината од руската агресија во ОН, Алкалај ја доби од Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, а Додик бесно констатираше дека тоа е спротивно на законите, бидејќи за тоа не е добиена согласност од Претседателството на Босна и Херцеговина.

Тој потврди дека таа тема била на дневен ред на државниот врв, но актуелниот претседавач со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, се спротивстави на тоа дека земјата што таа ја предводи се придружила кон осудата на руската агресија врз Украина.

„Ние не ги прекинавме односите со Русија и нема да ги прекинеме, а тоа што американскиот амбасадор мисли нас не нè интересира“, изјави Додик, за кого пристапувањето кон резолуцијата на ОН е само „продолжение на старата практика“ која, доколку се продолжи по овој пат, според него, ќе доведе и до распад на власта воспоставена по изборите во октомври 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот