
Додека го живеевме најтоплиот ден од годината, 47 фирми не ги почитувале мерките за заштита од топлотен бран
Македонија го поминина еден од најтоплите денови годинава, а дури четириесет и седум фирми не ги почитувале мерките за заштита од топлотен бран и ги оставиле работниците да работат во најтоплиот дел од денот. Откога почнаа да важат мерките за заштита на населението, инспекторите за труд се излезени на терен и утврдиле прекршување на мерките најчесто кај градежните компании.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„При надзорите извршени се вкупно 99 инспекциски мерки и тоа издадени се 52 решенија со наредба со цел почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и за констатациите што се извршени во периодот од 11 до 17 часот кај работодавачите кои извршувале работни задачи, издадени се вкупно 47 решенија со забрана за вршење активности во тој период од 11 до 17 часот. За сите решенија со забрана од страна на инспекторите по одреден период повторно е извршена контрола врз истите објекти и е констатирано е дека не се извршуваат работни активности.“ – информираат од Државниот инспекторат за труд.
Владата на вонредна седница одлучи да ги продолжи мерките за заштита на здравјето на населението од топлотен бран кои остануваат да важат до 25 јули. Препораката е работниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот а бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работни обврски. Од денеска на сила е и забрана за движење во шумите и во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. Исклучок е Водно, но таму ќе има редовни контроли.
Според прогнозите на УХМР топлотниот бран продолжува и во наредните денови. Утринските температури ќе бидат над 20 степени, а дневните над 40. Винимавајте, УВ индексот ќе има многу висока вредност – 10.