Блерим Рамадани во Косово/ Фото: Фејсбук

„Добре дојде дома, ослободителу на Косово“ – Објавена фотографија од Рамадани по бегството од домашен притвор

Поранешниот припадник на ОВК, Бљерим Рамадани кој вчера избега од домашен притвор, на фотографија објавена вчера на социјалните мрежи може да се забележи дека е видно расположен во друштво со уште едно лице.

Засега е непознато дали фотографијата е направена вчера или пак се работи за постара фотографија.

„Чичко Бљерим Рамадани, добре дојдовте дома во нашиот роден град, жал ни е што поради војната и слободата за Косово ви беше попречено движењето. Ослободителу, засекогаш почит, ќе бидеме заедно“, напиша на Фејсбук извесен Несрет Шашивари.

Бљерим Рамадани избега од домашен притвор од куќа на роднина во Македонија, откако минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница по потерница на Интерпол издадена по барање на Србија.

Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен припадник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродима.

Бегството на Рамадани предизвика реакција во Србија. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, бегството го нарече „скандалозно“ и побара објаснување од државните органи на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот