Фото: EPA-EFE/ CAROLINE BREHMAN

Добитничката на Оскар за најдобра актерка ги поддржа сексуалните работнички во говорот: „Ќе продолжам да ја поддржувам вашата заедница“

Наградата за најдобра женска улога на овогодинешното 97. доделување на Оскарите отиде во рацете на младата актерка Мајки Медисон.

Медисон (25) го освои својот прв Оскар, а потоа одржа многу интересен говор.

– Пораснав во Лос Анџелес, но Холивуд отсекогаш изгледаше толку далеку. Благодарам на „Јуниверзал“, на моето семејство, на сестра ми, на мојот брат близнак. Ти благодарам што си ми најдобар пријател. Благодарам на Шон Бејкер и на сите што работеа на филмот „Анора“. Сакам уште еднаш оддадам признание на заедницата на сексуалните работници. Ќе продолжам да ја поддржувам вашата заедница. Ова е остварување на моите соништа – истакнала во својот оскаровски говор Медисон на сцената на театарот „Долби“.

Како што рекла, имала голема трема, па ѝ било полесно да го прочита говорот од парчето хартија што го подготвила во случај да освои Оскар.

Мајки Медисон ја доби наградата благодарение на улогата во филмот „Анора“. Анора е млада сексуална работничка од Бруклин, која набргу по запознавањето се мажи за Вања, син на руски олигарх. Кога веста ќе стигне до Русија, родителите на младоженецот се упатуваат во Њујорк, решени да го поништат бракот.

ФОТО | Пет Оскари за „Анора“, најдобар актер Адријан Броди, најдобра актерка Мајки Медисон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот