До Парламентот на Србија испратено барање за разрешување на Народниот правобранител

Фото Архива на СП

До Собранието на Србија е испратено барање за разрешување на народниот правобранител Зоран Пашалиќ, обвинет од група вработени во таа државна институција за заштита на граѓаните – поради мобинг, кршење на законот и непристојно однесување, објавија денеска белградските медиуми.

Во писмото се тврди дека со Пашалиќ на чело, институцијата дошла до блокада и го обвинуваат за злоупотреба на работното место, тој одбива да коментира. Пашалиќ, поранешен шеф на Високиот суд за прекршоци, а потоа и претседател на Апелациониот суд за прекршоци, беше избран за Народен правобранител во српскиот парламент во 2017 година на предлог на владејачката Српска напредна партија и нивните коалициски партнери, а во 2023 година повторно беше избран за нов мандат од осум години.

Во писмото до кое ТВ Н1 имала пристап, се бара од претставниците „да ги проверат наводите и да поведат постапка за разрешување на заштитникот на граѓаните Зоран Пашалиќ“ и „да му го ускратат легитимитетот“ како „незаконски, непрофесионален, несовесен и недостоен“.

Се додава дека станува збор за „однесување како вооружено лице, склоно кон алкохол, вработување врз основа на фалсификат, незаконско трошење буџетски средства, закани, понижување и навредување жени“, а дека Пашалиќ „се крие зад должностите на Заштитникот на граѓаните“.

Ова не е првпат вработени во канцеларијата на Народниот правобранител да се жалат на првиот човек на таа институција.

Во 2021 година, Пашалиќ беше јавно обвинет за злоупотреба на работа од долгогодишен вработен во институцијата Народен правобранител, но таа набрзо се пензионираше откако го загуби судскиот спор.

На Пашалиќ му забележува и стручната јавност дека не се огласувал или не постапил во многу случаи во кои се сфатило дека канцеларијата на Народниот правобранител реагирала или дека тоа го направила по притисок во медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот