profimedia

До 2060 година, Холандија ќе има повеќе од еден милион луѓе над 85 години

Се очекува Холандија да помине низ значајна демографска трансформација во наредните децении, а бројот на луѓе над 85 години ќе се зголеми повеќе од двојно до 2060 година, објави денес „NL Times“.

Според проекциите од извештајот на Холандската агенција за проценка на животната средина (PBL), бројот на луѓе над 85 години во Холандија ќе се зголеми на најмалку 1,1 милион до 2060 година, во споредба со сегашната бројка од 450.000.

Извештајот, исто така, предвидува нагло зголемување на бројот на домаќинства со еден член – од 3,4 милиони во 2024 година на потенцијално 5,1 милион до 2060 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот