Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Дневен хороскоп за 16 септември: Креативните проекти напредуваат – дозволете вашата имагинација да се раздвижи

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 16 септември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Овни, ќе бидете под притисок да ги завршите задачите, но ќе успеете ако се фокусирате. Страстен разговор може да го промени текот на вашата врска. Слободните Овни го привлекуваат вниманието на личност од минатото. Повеќе одмор и помалку нервоза – вашето тело ви праќа сигнали да забавите.

Бик

Бикови, финансиските планови бараат ревизија. Бидете внимателни со повисоките трошоци. Хармонија во врската, идеален ден за мирни моменти со саканата личност. За слободните следи пријатно познанство. Ви треба повеќе движење – прошетка или лесен тренинг ќе направат чуда.

Близнаци

Близнаци, новите контакти ви отвораат интересни можности, бидете подготвени за брза акција. Вашата комуникација е силна, но внимавајте да не бидете премногу критични кон саканата личност. Заморот може да биде резултат на недостаток на сон – приспособете го ритамот.

Рак

Ракови, фокусирајте се на тимска работа – колегите ќе ја ценат вашата поддршка. Емоционалната блискост ви е драга, вашата сакана личност ќе покаже поголема нежност. Слободните можат да запознаат личност преку пријател. Се чувствувате добро, но не заборавајте на правилната исхрана.

Лав

Лавови, имате шанса за признание или пофалба од вашите претпоставени. Малку љубомора може да ја расипе врската – обидете се да бидете поотворени. Внимавајте на стресот – опуштете се преку физичка активност.

Девица

Девици, организацијата е клучна, работите ги завршувате побрзо од вообичаеното. Чувствувате поголема стабилност во вашата врска. Слободните Девици ги следи средба што носи насмевка. Идеално време за детоксикација или воведување поздрави навики.

Вага

Ваги, денеска е добар ден за преговори и склучување зделки. Романтичен гест од вашата сакана личност ќе ве изненади. По слободните следи возбудлива средба. Избалансирајте го одморот и обврските за да избегнете исцрпеност.

Скорпија

Скорпии, можна е неочекувана промена на планот, реагирајте мирно. Интензивни емоции – идеални за страст, но и за расправии. Внимавајте на тонот на комуникацијата. Потребна ви е физичка активност за да ја ослободите складираната енергија.

Стрелец

Стрелци, креативните идеи носат успех, но внимавајте да не трошите енергија. Слободните Стрелци имаат шанса да започнат романса, додека зафатените ќе се чувствуваат посигурно. Повеќе сон ќе ви помогне да ја вратите енергијата.

Јарец

Јатци, фокусирајте се на долгорочни цели – дисциплината се исплати. Вашата сакана личност ви обезбедува стабилност и поддршка. Слободните ќе се зближат со познаник на работа или на некој настан. Грижете се за ‘рбетот и за зглобовите, потребно ви е подобро држење на телото.

Водолија

Водолии, денеска е ден за оригинални решенија – колегите ќе ја ценат вашата иновација. Потребата за слобода може да предизвика недоразбирање. Разговарајте отворено со саканата личност. Ослободете се од напнатоста преку медитација или прошетка во природа.

Риби

Риби, креативните проекти напредуваат – дозволете вашата имагинација да се раздвижи. Сонувачки и романтични моменти ќе го одбележат денот. Слободните Риби ќе имаат можност да остварат ново познанство. Внимавајте на исхраната, особено на внесот на шеќери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот