
„Дизни“, „Ен-би-си“ „Јуниверзал“ и „Ворнер“ тужат кинеска фирма за вештачка интелигенција за пиратерија: „Намерно и отворено кршење“ на авторските права
Компаниите „Дизни“, „Ен-би-си“ „Јуниверзал“ и „Ворнер“ поднесоа заедничка тужба против кинеската фирма за вештачка интелигенција „МиниМакс“ (MiniMax), обвинувајќи ја за масовно кршење на авторските права на содржината на нивните филмски студија, пренесува „Ројтерс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Компаниите поднесоа тужба во Окружниот суд на Соединетите Американски Држави за Централниот округ на Калифорнија, тврдејќи дека „МиниМакс“ го крши американскиот закон за авторски права со тоа што ги третира заштитените филмски ликови како свои.
Студијата тврдат дека ова е „намерно и отворено“ кршење на авторските права и дека „МиниМакс“ не одговорил дури ни откако биле упатени барања за преземање мерки за да се избегне кршење на правата, кои веќе ги имплементирале други компании во секторот за вештачка интелигенција.
„Бизнис моделот на „МиниМакс“ базиран на неовластено користење на содржина од други луѓе, како и неговото непочитување на американскиот закон за авторски права, не е само напад врз нашите компании и креативната заедница, туку и поширока закана за американската филмска индустрија, која вработува милиони и придонесува повеќе од 260 милијарди долари во економијата“, се наведува во тужбата.
Во тужбата, исто така, се тврди дека „МиниМакс“ користел препознатливи ликови заштитени со авторски права за да ги промовира можностите на својата услуга за генерирање слики и видеа, Hailuo AI.
„Одговорниот пристап кон развојот на вештачката интелигенција е од клучно значење, а денешната тужба против Минимакс уште еднаш ја потврдува нашата заедничка посветеност на заштитата на авторските права, без оглед каде се наоѓаат прекршителите“, се вели во соопштението.