Лажна фотографија која кружи на социјалните мрежи за војната во Украина а всушност е видео игра/ ФОТО Twiter

Дивее првата Тик-Ток војна на лажни вести и видеа во светот

Она што во оваа војна во Украина засега е новитет од сите конфликти претходно кои се случија во изминативе години се лажните видеа кои се повеќе застапени од невистинитите фотографии. Овој феномен е засилен особено по избивнувањето на конфликтот во Украина пред 11 месеци, а освен на фронтовите борбата со дезинформации се води и на социјалните мрежи, каде двете страни ја користат пропагандата за да добијат поддршка.

Повеќе од 11 месеци по избувнувањето на конфликот во Украина очите на светот и натаму се вперени кон украинско-руската криза. Освен на фронтовите, борбата се води и на социјалните мрежи, каде двете страни ја користат пропагандата за да добијат поддршка. Во овој период не прекинуваат да се публикуваат брутални видеа и слики, кои ја режираат „реалноста“ во Украина во зависност која од завојуваните страни ги публикува.

Застрашувачки фотографии на крвопролевање сега се веќе толку многу присутни што емотивно ги погодуваат дури и оние кои никогаш не биле во Украина. Поради неселективното убивање и фактот дека расте бројот на настрадани деца меѓу цивилите, што предизвикува чувство на гадење во широката јавност, на социјалните мрежи почна и пропагандна војна, која изгледа засега никој не ја добива. Она што во оваа војна засега е новитет од сите конфликти претходно кои се случија во изминативе години се видеата кои се повеќе застапени од фотографиите.

Имено, доколку се прелиста социјалната мрежа „Тик Ток“ во њузфидовите лесно се стигнува до видеа кои илустрираат како војниците се борат низ запалените улици, проектили соборуваат борбени авиони а дроновите ги срозуваат тенковите. Овие драматични визуелни прикази создаваат призор навидум дека се дел од борбите во реалниот живот, но тие во суштина се клипови кои се потекнуваат од видео игри а сето прикажано во контекст на војната и поттикнува дезинформации.

Во свој осврт на оваа тема новинската агенција Асошиејтед пресс информираше дека најчест пример во дигиталната војна во Украина е користењето на снимките од видеоиграта со воена тематика која е насловена „Арма 3”. На социјалната мрежа честопати разните видеа превземени од оваа игра се означени како во живо или вонредни вести за да изгледаат вистинити, и тие постојано се користат во последните месеци во лажни видеа за руската офанзива во Украина.

Фреквенцијата и леснотијата со која снимките од игрите погрешно се сметаат за реални, дури и од некои медиумски куќи и глобални радиодифузери, кои во морето од невистини на солицјалните мрежи честопати наседнуваат на споделени видеа, ширејќи ги во етерот како автентични вести, на овој начин поради невнимание дезинформациите длабоко продираат во нашето општество преку класичните медиуми.

Комуниколозите и политичките аналитичари на оваа тема велат дека токму видеата на социјалните мрежи во моментов се главната алатка преку која максимално се искористува сериозниот потенцијал за ширење дезинформации во светот.

Универзитетски професор Михаил Вит од Чешка/ФОТО Архива

„Фактот што постојано се случува е потсетник за тоа колку е лесно да се залажуваат луѓето и покрај нивната писменост за техниката и компјутерите со кои веќе секојдневно живееме за разлика од пред едно дваесетина години“, изјави Михал Вит за Слободен печат уnиверзитетскиот чешки професор кој е експерт на тематиката.

Тој објаснува дека како што визуелните елементи на видео игрите стануваат пософистицирани, СГИ “SGI” (слики генерирани од компјутер) може, на прв поглед, да изгледаат реално но сепак луѓето а особено новинарите треба да знаат како да ги потврдат автентичноста на видеата, вклучително и гледање на метаподатоци за да не се прават овие грешки кои многу често се повторуваат.

Професорот вели дека овој нов конфликт во науката добива псевдоним како „првата војна на ТикТок“, бидејќи постојан прилив на визуелни слики од првите линии, некои од нив погрешни или лажни се прелеваат на платформите на социјалните медиуми.

„Се сомневам дека луѓето што ја објавуваат оваа содржина се само тролови кои го прават тоа за да видат колку луѓе можат да измамат“, изјави професорот.

За потсетување играта Арма 3, е изготвена од програмери со седиште во Чешка таа е вистински хит очигледно на пазарот а она што неа ја продава кај играчите е чувството на вистинска борбена игра во релна средина. Таа им овозможува на играчите да креираат различни сценарија на бојното поле користејќи авиони, тенкови и мноштво оружје.

Во меѓувреме, играчите на видео играта честопати ги поставуваат своите повеќечасовни снимки од играта на платформата YоuТube, а токму таа истовремено е и извор од која медиумите користат буквално се.

Во коментарите под едно видео на Арма 3 насловен како „Контраофанзива на Украина!“ пишува дека „Мораме да побараме од Украина по оваа војна да ги обучи силите на НАТО како да се борат доколку дигитално завојуваат и тие“.

Во свое сооштение на темава на Бохемиа Интерактив компанијата која е креатор на играта вели дека иако е комплимент што Арма 3 симулира модерни воени конфликти на толку реалистичен начин, ние секако не сме задоволни бидејќи видео играта може да дезинформира вистински со борбени снимки од реалниот живот и истите да се користат како воена пропаганда од завојуваните страни.

„Се обидовме да се бориме против таквата содржина со означување на овие видеа на добавувачи на платформи, но тоа е многу неефикасно. Со секое симнување на видео, секој ден се поставуваат уште десет а во последниве години, видеата на Арма 3 беа користени во лажни прикази на други конфликти, вклучително и Сирија, Авганистан и Палестина, при што клиповите често беа разоткриени од глобалните проверувачи на факти” објаснуваат од Бохемиа Интерактив.

Инаку дека војната со дезинформации се војува со засилено темпо на социјалните мрежи говори и неодамнешниот случај со фотошопираната фотографија од Белата Куќа при посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД и средбата со американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден.

ГОРЕ: Фотошопирана фотографија од посетата на Зеленски на Белата Куќа во декември 2022 г, ДОЛЕ: Вистинската фотографија објавена од претседателот Џо Бајден
ИЗВОР: Twitter – ГОРЕ: Фотошопирана фотографија од посетата на Зеленски на Белата Куќа во декември 2022 г, ДОЛЕ: Вистинската фотографија објавена од претседателот Џо Бајден

На социјалните мрежи при посетата на украинскиот претседател на САД во декември беше објавена фотошопирана фотографија на која се гледа како американскиот претседател Џо Бајден ја става раката на задникот на украинскиот лидер. Меѓутоа, оригиналната фотографија и другите снимки од посетата покажуваат дека раката на Бајден е на грбот на Зеленски, односно верзијата што кружи на интернет е „доктрирана“.

Фотошопираната фотографија брзо се рашири на платформите како што се Твитер, Телеграм и Инстаграм на повеќе јазици и земји, меѓу кои и во нашата држава, но и во земјите од регионот. Ова е уште еден доказ за тоа к0колкава е моќта на дезинформациите кои се спакувани во фотографии, видеа и информации и секојдневно се пласираат во светот а особено во земјите од регионот за нечија идеологија или политичко убедување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!