Фото: EPA / SARAH YENESEL

Директорот на ФБИ под жестоки критики за лажно тврдење дека убиецот на Чарли Кирк е уапсен

Директорот на Федералното истражно биро на САД (ФБИ), Кеш Пател, денес беше критикуван од сегашни и поранешни функционери, поради неговата неточна изјава дека осомничениот за атентатот на десничаркиот активисти Чарли Кирк, е фатен, пренесува Ројтерс.

Пател вчера објави на социјалните мрежи дека човекот одговорен за убиството на Чарли Кирк е уапсен, што локалните власти подоцна го негираа, а по неколку часа конфузија, ФБИ разјасни дека двајца луѓе биле испрашувани, а потоа ослободени по инцидентот.

Актуелни и поранешни американски функционери ја нарекоа изјавата на Пател „контрапродуктивна“.

„На почетокот на истрагата, голем дел од првичните разузнавачки информации обично се погрешни или малку неточни. Затоа она што го направи вчера никогаш не го направил ниту еден директор на ФБИ пред него, ниту пак раководството на кое било одделение претходно“, рече пензионираниот агент на ФБИ, Ден Брунер.

ФБИ
Patel. EPA/MARIELLE SCOTT

Тој рече дека „истражителите мора да ги средат сите првични разузнавачки информации пред да презентираат фактички докази“ и дека „ФБИ не спроведува истраги на социјалните мрежи“.
Извор од Белата куќа, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека објавата на Пател била непрофесионална, дека „неговиот настап навистина не бил прифатлив ниту за Белата куќа ниту за американската јавност“ и дека за тоа ќе се дискутира.

Белата куќа соопшти дека Пател ја има поддршката на Трамп.

Интелектуалецот Чарли Кирк беше убиен вчера на колеџот во Јута, каде што држел предавање пред околу 3.000 луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот