Директорката на Нефрологија за „Слободен печат“: Нема нови заболени од ковид-19

Нема нови позитивни на ковид-19 на Клиниката за нефролоогија, а за 2-3 недели ќе знаеме дали вработените се заразија со британскиот сој, вели во изјава за „Слободен печат“ директорката на Клиниката Ирена Бушлетиќ која исто така е меѓу заразените, веќе осми ден, со благи симтоми.

Помеѓу 29-те заразени има доктори, медицински сестри, болничари и административни работници. Никој од нив не е во критична состојба, имаат само благи симптоми, но вирусот е непредвидлив, aлармот се вклучи по контактот со епидемиолозите кои донесоа одлука да се алармира истражувачкиот центар за генетско инженерство. Морам да потенцирам дека сите вработени строго се придржуваа на мерките за работа во услови на пандемија, посебно што нашата клиника функционира и како ковид центар, објаснува д-р Бушлетиќ.

Како што вели таа во ковид центарот има таканаречена зелена зона, во која се хоспитализираат итни, животозагрозувачки пациенти на кои им се врши прием без тест за коронавирус.

-Вработените се постојано изложени на ризик. До 15 јануари имавме направено прием на 150 пациенти во ковид центарот, но никогаш немало пропусти, никој не беше опуштен во однос на придржување до мерките и носење заштитна опрема. Затоа е по малку чудна моменталната состојба, во која одеднаш се разболеа 29 вработени, вели директорката на Клиниката за нефрологија и додава дека вработените кои се заразија од ковид-19 и се во изолација нема да ја намалат продуктивноста на Клиниката која работи со полн капацитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот