Дипломатите излегоа од салата за време на изјавата на Лавров/ Фото: ЕПА

ВИДЕО: Дипломатите на ОН ја напуштија салата кога Лавров се појави на екран, тој продолжи со говорот

Претставници од Европа и други сојузници денеска ја напуштија салата за време на обраќањето преку видео врска на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Конференцијата на Обединети нации за разоружување во Женева.

На видеото објавено на Твитер од француската делегација се гледа како десетици делегати ја напуштаат салата додека Лавров го започна своето обраќање преку видео врска.

Во твитот се наведува дека дипломатите излегоа од салата за време на изјавата на Лавров на Конференцијата за разоружување „за да ја покажеме нашата поддршка на Украина”.

Лавров пред Советот за човекови права на ОН истакна дека не присуствувал лично поради, како што рече, „срамните” мерки на ЕУ кон Русија.

ВО ЖИВО | Руско-украинскиот конфликт продолжува, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот