
Димоски: Чешка е силна репрезентација, ние мора да ја поправиме тактичката дисциплина
После поразот од Хрватска во Ријека, најдобрите македонски фудбалери во Храдец Кралове ќе имаат нов пријателски натпревар против селекцијата на Чешка која исто така е еден од учесниците на претстојното Европско првенство (14 јуни – 14 јули) во Германија.
Препорачано
Чесите, кои во петокот со 7:1 во контролен меч славеа над Малта, се очекува да бидат нов добар тест за избраниците на селекторот Благоја Милевски.
Пријателскиот натпревар Чешка – Македонија е закажан за 10 јуни со почеток од 18.00 часот..
– Како што кажа селекторот, мора да се поправи тактичката дисциплина, мора да се игра одговорно особено кога се игра против такви силни репрезентации на такво ниво. Знаеме каква репрезентација е Чешка, добро ја анализиравме, тоа е нивни последен контролен натпревар пред Европското првенство.
Чесите сигурно ќе влезат максимално против нас како да се на ЕП, но исто така и за нас тоа е последен контролен натпревар пред Лигата на нации и ние имаме свои цели. Секако ќе одиграме максимално и се надевам дека ќе стигнеме до позитивен резултат. Покажавме дека знаеме да се носиме со силни репрезентации, особено против Англија и Италија. Секако дека можеме и против Чешка, иако е доста силна репрезентација, физички тркачки спремна, но и ние имаме свои цели и свои страни, се надевам дека ќе ги искористиме за да дојдеме до поволен резултат – вели македонскиот репрезентативец Бојан Димоски.
Македонија и Чешка до сега три пати се сретнале, имаме едно реми во пријателски меч (1:1), а два пати загубивме во квалификациите за СП 2006 со резултат 2:0 и 6:1.
Зајков пред Чешка: Да влеземе со повеќе самодоверба и се обидеме да дојдеме до поволен резултат