Димковски: Очекуваме Србија да ја тргне забраната за извоз на брашно во земјава

Има доволно пченица во стоковите резрви и во млиновите. Границите за проток на стоки и трговија не се затворени. Нема потреба од паника, пазарот се снабдува во континуитет, рече денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски изрази очекување деновиве Србија да ја тргне забраната за извоз на брашно во земјава. Според него ваквата одлука на нашиот сосед би требало да биде донесена во најскоро време особено поради притисокот на тамошните компании кои традиционално се присутни на македонскиот пазар.

-Од Србија може да се увезува пченица, нема забрана. Во меѓувреме очекуваме и деблокирање на забраната за брашно. Не треба да не загрижува ситуацијата. Не е побарано директно од нашите власти дозвола за извоз на брашно од Србија. Клучно е дека, според пораките на сите влади во ЕУ, економијата мора да продолжи да функционира, вклучувајќи го и снабдувањето на пазарите со храна, а ние сме традиционален увозник на брашно од Србија, вели Димковски.

Димковски информира и дека се прават максимални напори за продолжување на ИПАРД 2-мерката за инвестици во земјодески стопанства која регуларно истекува за 15 дена. Во овој сегмент Министерството е во постојана комуникација со претставници од Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот