Димитров: За кратенките мк или мкд ќе мора да се разговара со Грција, Преспанскиот договор е правно обврзувачки

На новинарско прашање за тоа дека Генералштабот на грчката армија одбива да потпише договор поради кратенката мкд, Димитров смета дека преку разговор ќе се решаваат сите проблеми меѓу двете земји и ќе се гради пријателство постигнато со Договорот од Преспа.

-Ние сме целосно посветени на сите наши правни обврски од Преспанскиот договор, за кратенките, односно кодот е или мк или мкд, во однос на регистарските таблички, ќе треба да се разговара. Се популаризираше вчера и завчера во некои грчки медиуми. Преспанскиот договор е деликатно постигнат баланс и сите елементи што се добри за другата страна, се важни за балансот да се задржи. Јас сум убеден дека низ разговор ќе има примена на сите одредби од договорот, кој е склучен и правно обврзувачки, рече Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот