Фото: EPA/NEIL HALL

Димитров со Синер немаше среќа, но еден тенисер се повлече кога минути го делеа од победа

Бугарскиот тенисер Григор Димитров вчера доживеа вистинска несреќа на теренот во осминафиналето на Вимблдон. И покрај тоа што имаше предност од два сета против светскиот рекет број еден, Јаник Синер, мораше да го предаде мечот поради повреда, Димитров се повреди при сервис во третиот сет и не беше во можност да го продолжи натпреварот.

Солзите по завршувањето на дуелот беа сосема разбирливи, а ова беше веќе петти пат по ред Бугаринoт да се повлекува од грен-слем турнир поради повреда.

Но, и покрај драмата на овој меч, тоа не е најтешкото откажување во историјата на големите турнири. Најболното сценарио му се случи на францускиот тенисер Пол-Анри Матје во 2007 година на Австралија Опен.

Матје тогаш играше против Шпанецот Фернандо Вердаско и имаше речиси сигурна победа во рацете, водеше со 2:0 во сетови и 3:0 во тајбрејкот од третиот сет. Само четири поени го делеа од триумфот. Но, токму во тие клучни моменти, Французинот заработи повреда и со голема тага беше принуден да се повлече, оставајќи го Вердаско да оди во следната фаза и покрај тоа што до тој момент немаше реални шанси.

Слично нешто се случило само уште еднаш во историјата кога во 1969 година на Ролан Гарос. Канадскиот тенисер Мајкл Белкин имаше предност од два сета против Французинот Жорж Говен, но при резултат 3:0 во третиот сет во корист на противникот и тој мораше да се откаже поради повреда.

Димитров доминираше, па се повреди: Синер среќно до четвртфинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот