димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ би можел да игра во Русија/Фото: facebook.com/valenciabasket

Димитријевиќ втор стрелец во новиот триумф на Валенсија

Денеска во четвртото коло од најсилната шпанска кошаркарска лига Валенсија стигна до вториот триумф сезонава на гостувањето кај Баскет Сарагоса со резултат 70:76.

Во победата придонес македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ кој беше втор стрелец со 16 поени, 4/8 од поле, 8/8 од слободните фрлања (пет асистенции), за 23 минути и 40 секунди поминати на паркетот.

Поефикасен од него беше само Бојан Дубљевиќ со 19 поени и седум скока. На спротивната страна 13 поени имаше Мет Мобли, еден помалку Стен Окоје (седум скокови).

Во генералниот пласман Валенсија е на четвртото место со четири бодови, два помалку зад водечките Реал Мадрид и Барселона.

Во следното коло Димитријевиќ и Валенсија на 10 октомври ќе го пречекаат Реал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот