Фото: КФСМ

Димитријевиќ: Штета што не се пласиравме на Евробаскетот, но и системот на ФИБА не е фер

Ненад Димитријевиќ беше предводникот на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, но за жал нашата селекција не успеа да се пласира на Евробаскетот во 2025 година.

Во интервју за „Спорт Клуб“, Димитријевиќ сега зборуваше за квалификациите, но и го критикуваше системот кој го има ФИБА.

„Навистина многу сакавме да се пласираме на Европското првенство, но за жал не успеавме. Немавме и среќа, но не се поклопија и одредени работа. Против Естонија можеби ќе беше поинаку ако не ме фатеа грчеви. Имавме и проблеми со повреди, како на Хап и Вајли кои имаат македонски пасош. Дојде Ти-Џеј Шортс кој е фантастичен играч, но мислам слабоста на центарската причина е причина што загубивме одредени натпревари. Дадовме се од себе, жалиме што не се пласиравме. Но, исто така и системот на ФИБА не е фер кога играш квалификации со домаќини кои веќе сеп ласирани. Од истата причина на Евробаскет не отиде и Хрватска која играше во група со Кипар“; изјави Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот