фото: fcpelister.com.mk

Димитар Капинковски е нов тренер на ФК Пелистер

Фудбалскиот клуб Пелистер има нов шеф на стручниот штаб, Димитар Капинковски ќе го води битолскиот тим во сезоната 2025/26 во обид да го продолжи развојот на клубот по враќањето во Првата лига.

Селекторот на македонската репрезентација до 18 години доаѓа на местото на Срѓан Захариевски и се обврза на договорот до крајот на сезоната.

За 50-годишниот Капинковски ова е враќање во матичниот клуб, каде што ја започна тренерската кариера.

Потоа, Капинковски ја водеше Победа, а работеше и во грузискиот клуб Самтредиа.

Прозивката на новиот тренер е закажана за 30 јуни, а планот на подготовки ќе биде подготвен наскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот