Дилан Дог: Култниот стрип се сели на малите екрани

Еден од највлијателните стрипови – „Дилан Дог“, наскоро ќе добие ТВ серија, а според најавите може да се претпостави дека „детективот на невозможното“, конечно ќе биде екранизиран во скапа продукција.
Џејмс Вон, режисерот на „Аквамен“ и креатор на хорор франшизата „Сложувалка на стравот“, изјави дека ќе ја продуцира серијата за култниот стрип лик Дилан Дог и за таа цел се здружи со италијанскиот издавач „Серџо Бонели“.

Серијата од десет епизоди ќе биде на англиски јазик и ќе се базира на популарната серија стрипови на Тицијано Склави, во која главни ликови се Дилан Дог, истражувач на паранормалното и неговиот помошник Гручо. Стрипот се издава веќе 33 години и досега се излезени повеќе од 500 епизоди.
Вон ќе ја продуцира серијата преку неговата компанија „Атомик монстер“.

„Дилан Дог е еден од моите најомилени стрипови. Со него се запознав уште во средно преку еден пријател од Европа и иако не го разбирав странскиот текст, лесно ја разбрав приказната преку убавиот цртеж. Возбуден сум што добив можност да го пренесам на филм“, изјави Вон.

Дилан Дог, чиј лик е заснован врз британскиот актер Руперт Еверет, досега имаше само две филмски адаптации, но поради скусениот буџет и лошата дистрибуција овие проекти не беа прикажани во поголениот дел од земјите во светот.

Секако „Дилан Дог“, шармантниот, но во исто време и циничниот детектив, заслужува да добие квалитетна екранизација и конечно да се популаризира во Северна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!