Фото: ccnull.de

Диета којашто 24 години им помага на луѓето со висок крвен притисок

Ова не е само уште една диета за губење на килограмите, туку е нешто многу повеќе. Составена од основачите на Американскиот национален институт за истражувања на болести на срцето, белите дробови и крвта, истата за кратко време ќе го регулира и намали високиот крвен притисок.

ДАСХ диета се фокусира на исфрлање на заситените и трансмастите, што се наоѓаат главно во полномасните млечни производи и многу пржени или пакувани јадења, и на холестеролот, го ограничува црвеното месо, натриумот и додадените шеќери од пијалаците или десертите засладени со шеќер и поттикнува на ограничување на алкохол. Наместо тоа, вклучува внес на безмасни млечни производи кои обезбедуваат протеини и важни витамини и минерали без да бидат преоптоварени со заситени масти, многу овошје и зеленчук, витамини и антиоксиданти кои поддржуваат здрав крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта, и јаткасти плодови. Диетата ДАСХ долго време е една од најпопуларните диети, а особено помага при намалување на крвниот притисок.

Диетата ДАСХ веќе со години се наоѓа меѓу првите три места на скалата најдобри и најздрави диети, односно исхрани во светот.

Потребно е да се следи планот за исхрана креиран за намалување на крвниот притисок и холестеролот.

Исхраната богата со овошје и зеленчук, а со малку заситени маснотии, може значително да го намали ризикот од срцев удар кај луѓето со благо зголемен крвен притисок.

Научниците дошле до спомнатиот заклучок со испитување на исхраната ДАСХ пред 20 години (диетални пристапи за стопирање на хипертензијата), која била креирана за намалување на крвниот притисок и холестеролот. Се следела исхраната (три различни типа) на 500 учесници во период од осум недели.

Првата диета се состоела од малку овошје и зеленчук и многу преработена храна, втората нудела малку повеќе овошје и зеленчук и јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници), мешунки (грав, леќа) и не толку многу слатки. Третата била диетата ДАСХ, полна со овошје и зеленчук, мешунки, семки и мошне малку слатки. Учесниците строго се придржувале до исхраната што ја контролирале авторите на студијата.

По само две недели, диетите што содржеле многу овошје и зеленчук, влијаеле врз намалувањето на крвниот притисок, а резултатите останале исти во текот на осумте недели. Студијата го истакна позитивното влијание на диетата ДАСХ.

Кај луѓето што имале дијагноза на висок крвен притисок, систолниот крвен притисок е намален за 11,4 отсто, а дијастолниот крвен притисок за 5,5 отсто. Накратко, диетата ДАСХ дава подобри резултати од голем број лекови за крвен притисок.

Намирници што се наоѓаат во оваа диета

Многу едноставно – вклучете овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови, зрна во исхраната, а избегнувајте преработена храна, црвено месо, грицки и слатки.

Три најважните совети на стручњаците

1. Здрав појадок: Наместо голем сад засладени житарки или колачи, или разноразни печива, појадувајте јогурт со малку маснотии, зрнесто овошје со малку јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници). Подгответе појадок што ќе ви биде вкусен, но и добар за вашето здравје!

2. Секогаш при рака мора да имате овошје или зеленчук: Неколку ореви, банани, морков, јаболка… Секој меѓуоброк ќе биде поздрав ако се состои од овие намирници.

3. Додајте зеленчук во оброците: Додавајте ги во супите и во чорбите зеленчуците што содржат хранливи материи и влакна, а кои инаку ги заборавате. Додајте зеленчук со месото… Без разлика која комбинација ви одговара, важно е да не заборавите на зеленчукот!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!