
Диди се соочува со уште пострашни обвинувања и тоа од град оддалечен илјадници километри од неговите злогласни забави
Компанијата „Реципросити индустрис“ отвори кол-центар во Монтана за да одговори на обвинувањата од наводните жртви на озлогласениот Шон Диди Комбс. Неделнон им се јавуваат и до 40 луѓе, а на почетокот на повикот можат да чујат: „Ви благодариме што се јавивте на телефонската линија за помош на жртви на Шон П. Диди Комбс. Овој повик се снима.“
Препорачано
„Ја разбираме силата и храброста што се потребни за да се јавите. Секоја информација што ќе ја дадете ќе биде целосно доверлива, но очекуваме целосна искреност за да можеме правилно да ви помогнеме со вашиот потенцијален случај“, продолжува пораката.
Извршниот директор на „Реципросити“, Ендру Ван Арсдејл, вели дека бројот на повици се зголемил откако започнало судењето на Диди за рекетирање, трговија со луѓе и злосторства поврзани со проституција.
„Со оглед на тоа што сè е толку високо на агендата поради тековното судење, мислам дека многу луѓе што првично не контактирале, а можеби не биле сосема подготвени да ги споделат своите приказни, повторно не контактираат. Дури и нови луѓе кои можеби го гледаат ова и сфаќаат дека навистина не биле сами во она што го доживеале, па затоа се јавуваат“, изјавил тој екслузивно за Дејли мејл.
Ендру ја основал компанијата со својот пријател Тајлер Крос, опишана како „компанија за развој на софтвер со специјализирано искуство во правни и телевизиски реклами и услуги за кол-центар“. Тимот во компанијата секојдневно пребарува наслови и судски документи, како и извештаи, барајќи големи случаи што би можеле да резултираат со голем број жртви.
Тие претходно се соочија со случај во кој 11.000 жртви тврдеа дека биле злоупотребени од извидници. Организацијата потоа поднесе барање за банкрот во 2020 година, поради исплата од речиси 1,5 милијарди долари на подносителите на барањето. Како што рече Ван Арсдејл, вработените бараа „шема или низа алармантни детали“.
„Ако се случило на едно лице, веројатно се случило и на неколкумина… Можеби некој не си ја вршел работата како што требало“, рекол тој.
Случајот на Диди го привлече вниманието на Ендру откако раперот се спогоди со неговата поранешна девојка Каси Вентура, само еден ден откако таа поднесе тужба против него, изнесувајќи сериозни обвинувања. Компанијата започна да бара повеќе наводни жртви, иако федералниот случај против раперот сè уште не е започнат.
„Реципросити“ ги евидентира и проверува жалбите од потенцијалните тужители и ги проследува или до адвокатската канцеларија на Ван Арсдејл, или до стотици други адвокатски фирми низ целата земја. Компанијата користи различни алатки за рекламирање, вклучително и социјалните медиуми, за да пронајде тужители.
„Реципросити“ исто така соработува со голем број партнери, вклучувајќи го и адвокатот Тони Базби, кој ги застапува стотиците наводни жртви на Диди.
„Имаме советници на лице место кои од време на време доаѓаат во канцеларијата и работат со нашиот персонал. Бидејќи персоналот чувствува мала секундарна траума што доаѓа со слушањето на овие приказни… Им даваме многу време да се оддалечат од тоа, да направат некои вежби за дишење или да се прошетаат низ блокот, или што и да е, за да се префокусираат и да се справат со овој тежок случај“, рекол тој.
Тој призна дека обвинувањата против Диди, кои ги добиле преку телефонски повик, биле „исклучително гнасни“, но додаде дека е „тешко да се шокира јавноста во овој момент бидејќи слушнале толку многу трагични приказни“.
Вработените во компанијата, исто така, се соочиле со закани поради нивната работа во минатото. Тој рече дека, кога станува збор за случајот на Диди, не добиле никакви закани, но дека секогаш има загриженост.
Ендру, исто така, призна дека е малку надреално што кол-центар во Монтана слуша обвинувања против еден од најпознатите и најозлогласените луѓе во целиот свет.