
ДИЦ: 3.100 матуранти се фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик
Државниот испитен центар информира дека вкупно 3.100 матуранти се фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик. Откако беше утврдено дека матурските тестови по англиски јазик се споделуваат во Вибер група, Министерството за образование и наука побара од Државниот испитен центар да ја лоцира одговорноста за „направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик“.
Препорачано
Од ДИЦ во изјава за новинската агенција Мета.мк велат дека 3.100 ученици користеле плагијати од различни веб-страници, утврдени преку преписи на есеите.
Тие 3.100 ученици користеле плагијати од различни веб-страници, утврдени се преписи на есеите. Препишаните есеи им се бодувани со 0 поени. Но, тестот не е составен само од есеј, имаа и прашања на заокружување и прашања со дополнување кои исто така се оценуваат. Оние кои не положиле, имаат право да полагаат повторно во август, изјави директорката на ДИЦ, Благица Павловска.
Тестовите од државна матура не се пробиени туку споделени- вели ДИЦ
Државниот испитен центар најави дека ќе спроведе нови мерки за да се намали препишувањето. Во соработка со Министерството, тие ќе ја спроведат наредната државна матура во големи простории, на повеќе локации низ државата.
Екстерните испити од државната матура се спроведоа во предвидените термини. Во јунскиот испитен рок 2022/2023 година полагаа вкупно 15.620 кандидати, од кои 6.750 матуранти од гимназиско образование, 8.598 од средно стручно образование и 272 од уметничко образование. На 4 јули во сите средни училишта во 12 часот беа објавени резултатите од испитите.
Матурските тестови ги оценуваа 175 оценувачи од повеќе училишта од државата.