Луиџи ди Мајо
Луиџи ди Мајо / Фото: EPA-EFE/Fabio Frustaci

Ди Мајо: Преговараме за отворање на границите на сите ЕУ земји на 15 јуни

Италијанскиот министер за надворешни работи изрази надеж дека Италијанците ќе можат да летуваат во цела Италија.

Италијанската Влада преговара со земјите на Европската унија за рестартирање на европскиот туризам на 15 јуни и за отфрлање на таканаречените туристички коридори кои ја исклучуваат можноста за запирање во одредени земји, рече италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

– Тоа, на некој начин, ќе биде европски Д ден. Германија настојува да ги отвори своите граници на 15 јуни и ги советува граѓаните да одат на одмор во други земји во Европа, со Австрија работиме на тоа, а преговараме и со другите земји на ЕУ – изјави Ди Мајо за Раи1.

Италијанскиот министер за надворешни работи изрази надеж дека Италијанците ќе можат да летуваат во цела Италија, но истакна дека се потребни и странски туристи, особено „Германците, кои претставуваат многу важен дел”.

Италија претходно објави дека ќе ги отвори своите граници за државјани на ЕУ и Шенген зоната на 3 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот