
Ди Мајо: Италија не сака да воведе санкции против Русија, работиме на дипломатско решение
Италија смета дека меѓународното право мора да се почитува, но користи дипломатија за да се избегне воведување нови санкции кон Русија. Ова денеска го изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо по разговорите во Москва со неговиот руски колега Сергеј Лавров, пренесува Ројтерс.
Препорачано
– Сите работиме за дипломатско решение на кризата, а тоа значи избегнување на сите видови санкции, рече тој на прес-конференција. Италија ја гледа Русија како дел од европскиот безбедносен дијалог и ги користи историски добрите односи меѓу двете земји за да го изгради тој дијалог.
Ди Мајо потврди дека по разговорите со Лавров, а претходно и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, бил убеден дека „двете земји се подготвени да бараат дипломатско решение”.
Тој, исто така, рече дека разговара за датум за посета на премиерот Марио Драги на Москва и се надева дека таа ќе биде организирана што е можно поскоро.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
43мин
-
51мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5