epa08830976 General view of the O2 Arena during the European Judo Championships in Prague, Czech Republic, 20 November 2020. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Џудо федерацијата на Македонија објави дека на уапсениот тренер обвинет за силување на малолетнички пред една година му е одземена лиценцата

Џудо Федерацијата на Македонија реагира по вчерашната вест во која полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против тренер по џудо за сторено кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“.

Федерацијата објави дека е згрозена од веста и потенцира дека обвинетиот тренер веќе една година е без лиценца и е исфрлен од Федерацијата.

„Во однос на последните информации за приведување на еден поранешен тренер по џудо, Македонската Џудо федерација би сакала да го даде следното појаснување. Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот. Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи. Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт. Со почит, Канцеларија на Џудо федерација на Северна Македонија“, стои во соопштението на Џудо федерацијата на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!