
„Џонсон&Џонсон“ ќе испорача околу 400 милиони дози на вакцини на Африканската Унија
Американската компанија „Џонсон&Џонсон“ во третиот квартал од оваа година ќе започне со испорака на 220 милиони дози од вакцината за единечна доза против ковид-19 за 55 земји од Африканската Унија. Компанијата потпиша договор со Африканскиот труст за набавка на вакцини (АВАТ), со можност за набавка на дополнителни колични од 180 милиони дози до 2022 година.
Препорачано
Договорот беше склучен по повеќемесечни преговори со Африканската Унија, а во јануари беше објавен привремен договор за купување на 270 милиони дози вакцини од три производители на лекови – „Џонсон&Џонсон“, „АстраЗенека“ и „Фајзер“/„БајонТек“. Статусот на разговорите со другите две компании не е познат.
АВАТ денеска соопшти дека голем дел од 55-те членки на Африканската Унија дале предност на вакцината на „Џонсон&Џонсон“.
Снабдувањето со вакцини ќе му помогне на континентот да ја постигне целта за имунизација на најмалку 750 милиони луѓе или 60 отсто од населението, бидејќи се прават обиди за спречување на ширењето на вирусот од кој починаа 121.000 луѓе и се заразија 4,18 милиони лица во регионот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5