Џеј Ло покажа повеќе од што е потребно: „Можеби си престара за тоа“(ВИДЕО)

Пејачката Џенифер Лопез, која е на прагот на шестата деценија, објави нов музички спот за песната „Medicine“, во соработка со раперот Френч Монтана (34), а од силните, блескави и брзи кадри, на сите во очи им паднала една работа.

Џенифер (49), во спотот променила дури седум комбинации на облека, од црн фустан разресен на нозете, до бело каубојско одело и шешир.

Сепак, во еден момент, кога Лопез го носела белиот латекс комбинизон, камерата го фатила нејзиниот потполно гол задник.

Таа сцена се повторува неколку пати во спотот, но кадрите траат само една секунда. Во спотот „вметнала“ всушност цел циркуз, вклучувајќи ја и жената во минијатурно бикини, која крева тегови.

Сепак, многумина и замериле на тоа колку се разголила.

„Ти си навистина божица, и со гласот и со изгледот, но мислам дека на овие години не би требало да правиш вакви провокативни песни“, коментирале фановите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот