
Девојката на белорускиот новинар Проташевич осудена на шест години затвор
Случајот со белорускиот новинар Роман Проташевич минатата година беше една од најактуелните теми во светот. Неговата девојка, која оттогаш е во затвор, денеска беше осудена на шест годишна затворска казна поради поттикнување социјална омраза, пишува Гардијан.
Препорачано
Софија Сапега е руски државјанин, а нејзиниот адвокат Антон Гашински рече дека ќе апелира до рускиот претседател Владимир Путин да интервенира.
Сапега и Роман Проташевич летаа од Атина за Вилнус, Литванија, пред една година кога нивниот авион добил наредба да слета во Минск придружуван од борбен авион поради наводна закана за бомба.
Проташевич беше уредник на Некста, популарен канал на апликацијата за пораки Телеграм што се користеше за да помогне во организирање протести во Белорусија откако претседателот Александар Лукашенко го освои спорниот шести мандат во август 2020 година.
Сапега водеше друг канал Телеграм кој ги објавуваше личните податоци на државните службеници и воениот персонал кои учествуваа во масовните репресии на протестите.
Западните земји го осудија пренасочувањето на авионот како еднакво на воздушна пиратерија од Белорусија. Европската унија ги забрани белоруските авиокомпании од нејзиниот воздушен простор и аеродроми како дел од санкциите против земјата.
„Жал ми е за Софија и нејзиното семејство. Никој не треба да страда од диктатурата“, напиша на Твитер прогонетиот опозициски лидер на Белорусија Свјатлана Циханускаја по пресудата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Сапега ќе добие помош, но одби да ја коментира самата казна.
„Таа е државјанин на Русија, така што во секој случај, преку нашите дипломати и други канали, ќе продолжиме да ги штитиме нејзините легитимни интереси“, им рече тој на новинарите на конференциска повик.
На прашањето дали мисли дека пресудата е праведна, Песков рече: „Во голема мера не ни се допаѓа кога некој ги коментира одлуките на нашите судови, па затоа нема да ја коментираме одлуката на судот во пријателска Белорусија“.