
Девојка која навива за Рома се разбуди од кома после пораката на Тоти!
Една навивачка на италијанската екипа Рома се разбуди од кома откако нејзиното семејство покрај креветот пушти видео порака од најголемиот играч во историјата на клубот, Франческо Тоти.
Препорачано
Оваа информација ја објави „Ла Република“ повикувајќи се на „Кориере дело Спорт“, Илениа Матили е инаку фан на римската „волчица“ целиот свој живот. Интересен е податокот што воедно е и фудбалерка на Лацио.
Изворот вели дека таа помина девет месеци во кома после сообраќајната несреќа што ја имаше во декември 2019 година.
An @ASRomaEN fan has woken up from a coma after being played a video message from Francesco Totti ?? https://t.co/Dh6GH0CGiT
— FootballJOE (@FootballJOE) September 24, 2020
– Илениа не се откажувај, ќе успееш, сите сме со тебе – вели Тоти во неговата видео порака.
Целото семејство сака да му се заблагодари на легендарниот фудбалер и го повикаа да дојде во болницата.
– Твојот фантастичен глас комбиниран со страст и љубов која Илениа секогаш ја имаше за Рома придонесе за нејзино будење. Враќањето на нејзината насмевка, а нејзините очи полни со светлина и среќа. Драг Франческо, што чекаш? Сите сме радосни да те видиме, Илениа едвај чека да те види – гласи пораката на семејството.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
46мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5