фото:твитер

Девојче што ќе ви ги освои срцата: Џани Алиоски, Џани Алиоски, те сакаме! (ВИДЕО)

А како што стојат моментно нештата, иако има уште долг пат до остварувањето на целта, фудбалерите на менаџерот Марсело Биелса ги постигнуваат потребните резултати во Чемпионшип.

Нова голема и важна победа денеска остварија на гостувањето кај Хадерсфилд (0:2), а првиот гол беше фантастичен, ремек дело на Езгјан Алиоски во 50. минута.

Негов трет погодок сезонава, се надеваме до крајот на сезоната дека уште повеќе ќе ги има на патот до Премиер лигата.

ГОЛОТ НА АЛИОСКИ НА 02:59 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ:

Моментно тимот е на првото место после 20. кола со 43 бодови, еден повеќе од Вест Бромвич Албион на втората позиција кој својот меч ќе го има в недела.

Првопласираните две екипи одат директно во Премиер лигата, а оние од третото до шестото место ќе се борат во плеј-офот за последниот трет „билет“.

Наредниот дуел составот од „Иланд Роуд“ ќе го има на 10. декември дома против, моментно Хал на 12. позиција.

Сите фанови после најновата победа на Лидс се на нозе, а меѓу нив и четиригодишно девојче кое навива за фудбалскиот клуб и македонскиот репрезентативец:

-Џани Алиоски, Џани Алиоски, Те сакаме, Те сакаме!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот