
Девет намирници кои веднаш ги ублажуваат киселините во желудникот и рефлуксот – една секогаш треба да ја имате при рака
Одредени намирници, како што се немрсните протеини и овошјето што не е цитрусно, можат да помогнат во ублажување на симптомите како што е киселини во желудникот и ждригавицата. Меѓутоа, ако симптомите не исчезнат, важно е да се обратите кај лекар.
Препорачано
Рефлуксот на киселините се појавува кога желудочната киселина се враќа во хранопроводот, предизвикувајќи чувство на печење во градите, познат како жиговина. Тоа може да биде знак на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), хронична состојба која предизвикува чести епизоди на рефлукс и жиговина. Исхраната има големо влијание врз оваа состојба бидејќи некои намирници можат да ја неутрализираат киселината, додека други – како што се мрсната, зачинета и кисела храна – можат да ги влошат симптомите, пишува „Хелт“ (Health).
ГЕРБ е состојба во која желудочната киселина често се враќа во хранопроводот – цевката што ја поврзува устата со желудникот. Жиговината, односно чувството на печење зад градната коска, е чест симптом. Ако имате жиговина повеќе од двапати неделно, тоа може да биде знак на ГЕРБ, иако ја немаат сите што страдаат од овие симптоми.
Ако имате повремени или чести киселини во желудникот, обидете се да ја промените исхраната – интегралните житарки, овошјето, зеленчукот и немрсните протеини можат да помогнат во ублажување на симптомите.
Ѓумбир
Содржи соединенија со противвоспалително дејство и поттикнува побрзо празнење на желудникот.
Гума за џвакање
Го поттикнува лачењето на плунка што помага во неутрализирање на киселината во хранопроводот, па затоа може да помогне речиси веднаш.
Храна богата со влакна
Го подобрува варењето на храната и го намалува ризикот од рефлукс.
Примери:
– Овошје: јаболка, банани, сливи, бобинки
– Јаткасти плодови и семки
– Зеленчук: спанаќ, аспарагус, брокула, сладок компир (батат) со кора
– Интегрални житарки: овес, кафеав ориз, киноа
Мед
Ја обложува слузницата на желудникот и хранопроводот и спречува рефлукс на киселината.
Немрсни протеини
Пилешко и мисиркино месо, риба – подготвени со печење, варење или печење на скара без маснотии.
Млечни производи со низок удел на масти
Тие имаат помала веројатност да предизвикаат симптоми.
Нецитрусно овошје
На пример: јаболка, банани, грозје, дињи, круши.
Зеленчук
Намирници со ниска масленост што ги намалува киселините во желудникот.
Примери:
– Брокула, карфиол, зелка, спанаќ
– Моркови, пченка, краставици, боранија
– Компири и батат (сладок компир)
Интегрални житарки
Тие се богати со влакна и помагаат во варењето на храната. Примери: овес, кускус, киноа, леб од цело зрно.
Намирници што може да ја влошат жиговината, односно киселините, особено кај луѓе со ГЕРБ:
– Кисела храна – домати, цитрусно овошје како портокали, лимони, ананаси и грејпфрут
– Чоколадо – содржи кофеин и соединенија кои ги опуштаат мускулите на долниот дел од хранопроводот
– Одредени пијалаци – алкохол, газирани пијалаци, кафе и пијалаци со кофеин можат да предизвикаат рефлукс
– Лук (особено сиров) – го поттикнува лачењето на киселина
– Мрсна храна – се вари бавно и предизвикува жиговина. Примери: путер, сирење, сладолед, црвено месо