Фото: Сител

Детето кое падна од зграда во Кисела Вода е стабилно, но со повреди на повеќе органи

Детето кое вчеравечер падна од прозорец на зграда во Кисела Вода е во стабилна состојба, но има повреди на повеќе органи, информира за „Телма“ в.д. директорот на Клиниката за детска хирургија, д-р Лазо Јовчески, посочувајќи дека детето е под постојана опсервација бидејќи има повреди и скршеници на главата, рамото, ребрата и карлицата.

„Детето се наоѓа на интензивна нега на Клиниката за детската хирургија. Тоа е во стабилна општа состојба, но со стабилни витални параметри. Има повреди и скршеници на повеќе системи и органи, почнувајќи од главата, рамото, повреди на белите дробови, фрактури на ребрата и карлицата. Дише самостојно, со кислородна поддршка и засега нема индикации дека е потребен оперативен зафат“, вели д-р Јовчески.

Тој посочува дека во моментот не може да каже дали деветгодишното момче е надвор од животна опасност, зашто се претпазливи и оти се работи за повреди на повеќе системи и органи.

„Постапуваме според наодите и виталните параметри што се следат“, вели директорот на клиниката.

Од она што медиумите го објавија досега, најпрво детето паднало од прозорецот, за среќа врз трева која го ублажила ударот, по што паднала и неговата баба, но таа паднала врз оградата до зградата и загинала на самото место. Засега нема детали за околностите под кои се случила трагедијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот