Тејлор Свифт, Келси - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Детектив кој се обидел да ѝ достави судска покана на Тејлор Свифт за случајот Балдони е уапсен на имотот на Тревис Келси

Приватен детектив е уапсен откако се обидел да достави судска покана до пејачката Тејлор Свифт во врска со тужбата меѓу актерот Џастин Балдони и актерката Блејк Лајвли. Инцидентот се случил на имотот на нејзиниот вереник, ѕвездата на НФЛ, Тревис Келси, пишува „Дејли мејл“.

Имено, поранешниот полицаец, а сега приватен детектив Џастин Ли Фишер, беше уапсен на 15 септември поради скокање преку оградата во приватна резиденција во Канзас, каде што живее Тревис Келси. Неговата намера била да ѝ достави на Тејлор Свифт судски покани во име на адвокатот Џастин Балдони.
Полицијата во Ливуд потврди дека еден маж е уапсен околу 2 часот наутро поради нелегално влегување на туѓ имот. Тој е ослободен откако платил кауција и треба да се појави на суд на 15 октомври.

Фишер рече дека не е повреден, но е загрижен дека може да ја изгуби дозволата: „Само си ја вршев работата“.

Две ноќи пред апсењето, судијата Луис Лиман го отфрли барањето на тимот на Балдони за продолжување на рокот за испрашување на Тејлор Свифт, бидејќи не покажале доволно труд за да го организираат тоа порано.

Според судските документи, адвокатите на Балдони тврдат дека Свифт се согласила да сведочи доколку ѝ биде одобрено продолжување на рокот. Сепак, нејзините адвокати го негираа ова и изјавија дека таа не се согласила, но дека евентуално би можела да сведочи во текот на неделата што почнува на 20 октомври.

Тејлор Свифт моментално се подготвува за објавувањето на својот нов албум „Life of a Showgirl“, кој ќе биде објавен на 3 октомври.

Во меѓувреме, Блејк Лајвли го тужи Џастин Балдони за наводно сексуално вознемирување на снимањето на „It Ends With Us“, како и неговите ПР агенти за наводна кампања за клевета. Балдони негира сè и претходно возврати со тужба за клевета и изнуда против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, но неговата контратужба од 400 милиони долари беше отфрлена во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот