
Детали за убиството во Загреб: Човекот кој го уби својот брат, ја убил и нивната мајка!
Во 2014 година тој бил осуден на шест години затвор за кривично дело убиство.
Тела на двајца мажи се пронајдени денес околу 15 часот на улицата Владимир Ружјак во загрепската населба Савица. Како што пренесува полицијата Мирослав Г. го убил својот брат, а потоа си пресудил и самиот себеси скокајќи од прозорец во нивната зграда.
Препорачано
-Дојавата ја добивме во 15 часот, по што полицијата излезе на лице место и пронајде тела на двајца мажи. Истрагата започна околу 17 часот и се уште трае- изјавија за Индекс.хр од полицијата во Загреб
Истиот човек ја убил својата мајка пред шест години
Како што дознава Индекс.хр, човекот кој го убил својот брат, па себе си, пред шест години ја убил нивната мајка. Во 2014 година тој бил осуден на шест години затвор за кривично дело убиство.
Тој бил ослободен минатата година, а братот што го убил бил негов старател, бидејќи беше прогласен за непресметлив. Судот донел одлука тој да се врати да живее со својот брат во станот во кој ја убил својата мајка.
Во февруари 2014 година, Мирослав Г. ја избодел мајка си шест пати во грбот и уште најмалку десет пати со кујнски нож ја исекол по градите. Потоа ја оставил својата мајка во локва крв, со карирано ќебе и ја покрил главата, а дел од телото со јакна.
Злосторството е откриено дури следниот ден кога другиот син, загрижен дека ниту мајката ниту братот не одговараат на телефон, дошол во семејниот стан на улицата Владимир Ружјак.