
Детали за разводот на Џесика Алба: Немале предбрачен договор, ќе делат имот вреден 600 милиони долари
Џесика Алба поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Кеш Ворен, а според протечените информации, бракот не бил заштитен со предбрачен договор.
Препорачано
Американската актерка Џесика Алба (43) поднела барање за развод од сопругот Кеш Ворен, а според протечените информации бракот не бил заштитен со предбрачен договор.
Алба и Кеш првпат објавија дека се разделуваат во јануари, но во петокот официјално го финализираа разводот.
Jessica Alba officially files for divorce from Cash Warren with NO prenup after nearly 17 years of marriage https://t.co/jVZT2p0dUe
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) February 7, 2025
Според извор близок до двојката, „тоа ќе биде наједноставниот и најпријатниот развод во Холивуд“, објави „ТМЗ“, а пренесува „Дејли мејл“.
Поранешните сопружници бараа заедничко физичко и законско старателство над нивните деца на возраст од 16, 13 и седум години.
Што се однесува до богатството, „сè е заедничка сопственост“.
Имено, бидејќи тие се венчале во Калифорнија, ќе се применуваат стандардните државни закони за поделба на имотот и поддршка на брачниот другар, што значи дека целиот имот стекнат за време на бракот, заедно со сите направени долгови, генерално се сметаат за заеднички имот на двата брачни другари и ќе бидат подеднакво поделени во случај на развод.
Џесика е сопственичка на компанијата „Хонест“, чија вредност се проценува на 623 милиони долари.
Кеш е основач на компанијата „Pair of Thieves“ која произведува долна облека и чорапи, а нејзината вредност е околу 100 милиони долари, иако некои извори тврдат дека е многу поголема.
„Себе-откривањето и трансформацијата се случија низ годините, вклучително и во нашата врска со Кеш. Горда сум на тоа колку пораснавме како двојка во изминатите две децении, но време е секој од нас да расте сам. Ние го продолжуваме нашето патување со љубов, грижа и почит. Секогаш ќе бидеме семејство. Децата ни остануваат приоритет и сега молиме за малку приватност“, напиша Џесика Алба за разводот на нејзиниот 17-годишен брак.
Џесика Алба и Кеш Ворен се венчаа во 2008 година, а парот имаше три деца.