Фото: Unsplash

Десерт за сладок ден: Чоколадни коцки

Доколку ви се јаде нешто слатко, а сакате да го подготвите со намирници кои вообичано ги имате дома овој рецепт е совршен и лесен за подготовка. Засладете се со овие чоколадни коцки во кои ќе уживаат сите членови од семејството.

Состојки:

– 5 јајца
– 250г шеќер
– 200г брашно
– 2 лажици какао
– 1.5 дл. врела вода
– ½ прашок за пециво.

За крем:

– 1л.млеко
– 180г. брашно
– 6 жолчки
– 150г. шеќер во прав
– 1 маргарин или путер

Подготовка:

Со подлабок сад изматете ги јајцата, а потоа постепено започнете со додавање на преостанатите состојки. Отако ќе добиете убава смеса во подлабок сад за печетење кој ќе го обложите со хартија убаво распоредете ја смесата низ целата површина. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени доека убаво не се испече.

Крем: Од литар млеко издвојте 300г, а останатото ставете го во лонец на пареа во кој кремот ќе се готви. Измиксирајте ги жолчките додека не станат пенасти, потоа додадете го млекото и брашното, па таа смеса додадете ја во зовриеното месо на пареа. Варете постојано мешајќи додека кремот не згусне.

Во изладената крема измешајте го маргаринот изработен со шеќерот во прав и добро соединете го со миксер.

Оладете го бисквитот, премачкајте го со крем, а потоа по желба прелијте со чоколадна глазура. Препорачливо е бисквитот пред нанесувањето на кремот да го прелиете со 200г топло млеко, бидејќи така ќе биде многу помек и повоздушест.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот